Како стоиме по првото полувреме?

Ако се направи анализа на досега одиграното можеме да бидеме повеќе од задоволни!

Есенскиот дел од натпреварувањето во EYBL е при крај па да видиме како стојат нашите кошаркари…
EYBL (Европска младинска кошаркарска лига) за нашите кошаркари речиси заврши освен за генерацијата 2001 (У17) за која првиот турнир е на програма од 11-ти до 14-ти Јануари во Будимпешта.
Ако се направи анализа на досега одиграното можеме да бидеме повеќе од задоволни па затоа прочитајте го следново:

 

– КК Феникс 2010 со дечките родени 2002 година во У16 натпреварувањето по првото коло е шесторангиран од 18 клуба од централна Европа! Учинокот е 3 победи и само 1 пораз од Финскиот првак Хонка. Борбата за пласман во финалето на централна Европа ќе биде тешка во конкуренција на Италијанскиот и Германскиот првак и силни екипи од Србија и други земји од ЦЕ. Не се предавајте момчиња и ВЕЖБАЈТЕ, БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ!

Krzho
Марко Кржев – КК Феникс 2010 – У16 – ген.2002

– Дечките родени 2003 година (У15) се 8-ми од 18 екипи но загубија од прворангираниот Младост Земун (Српски првак во таа генерација) и Сојки Пелхримов од Чешка со само 3 разлика! И покрај тоа што има екипи со скор 4:0 нашите млади Фениксовци (2:2) имаат шанса со добра игра да постигнат подобар резултат и се надеваме на пласман меѓу првите 4!

 

Feniks - Mladost
КК Феникс 2010 – У15 – ген.2003

Одиме понатаму со поединечни достигнувања:

– Андреј Андоноски… дали сте слушнале за него? Ако не сте, тогаш еве ви сега прилика подобро да го запознаете!
Андреј Андоноски е најдобриот стрелец (стрелец број 1 во EYBL – У16) од повеќе од 220 играчи кои играат во 18 екипи од централна Европа. Тој по 4 одиграни натпревари има неверојатен „дабл – дабл“ учинок односно 27,2 поени и 11,7 скокови по натпревар. Андреј е прв стрелец и шести скокач! Исто така има одличен коефициент на ефикасност од 27,5 по натпревар па се разбира и тука е на 3-то место од 220+ играчи! ФОРЦА АНДРЕЈ!

9
Андреј Андоноски – КК Феникс 2010 – Скопје

– Љубиша Димитровски! Во истото натпреварување (EYBL У16 2002) Љубиша е асистент број 3 и стрелец број 5! На 22,5 поени и 4,5 асистенции по натпревар би можеле да му завидуваат врвни плејмејкери! Со ефикасност од 18,5 Љубиша е во врвот односно на 10-та позиција од 220+ играчи од централна Европа!

2
Љубиша Димитровски – КК Феникс 2010 – Скопје

– Во генерацијата 2003 (У15) од КК Феникс 2010 одлично се покажаа Мирослав Ѓорѓевиќ, Мухамед Тачи и Давид Трпески!

Но тоа не е се… има и други млади македонски играчи кои играат во други Европски екипи кои учествуваат во EYBL!

– Дино Боцевски: Екипата Stella Azzurra Basketball Academy во која игра Дино Боцевски, е прворангирана во У16 (2002)! Турнирот штотуку заврши а нашиот Дино играше просечно по 13 минути на натпревар и просечно постигна 4,5 поени и 2,5 скока! Ова е големо достигнување затоа што Дино е роден 2003 година а се натпреварува во конкуренција на играчи од 2002-ра! Згора на тоа тој игра во една од најдобрите Италијански екипи!

Dino Bocevski
Дино Боцевски – Стела Азура – Италија

– Петар Огњеновиќ игра за KK Grosuplje  од Словенија но Перо не се појави на првиот У20 турнир.

Pero Ognjenovikj 2
Петар Огњеновиќ – КК Гросупље – Словенија

– Лука Стојановски игра во Lido di Roma од Италија и истиот беше избран во првата петорка на У20 EYBL турнирот во конкуренција на повеќе од 120 играчи!

22860125_1898145780226136_2967960242842858659_o
Лука Стојановски (Лидо ди Рома – Италија), со Balazs Radics – генералниот менаџер на EYBL за централна Европа

Сето ова доволно зборува за квалитетот на младите Македонски играчи кои редовно и упорно се докажуваат во Европа. На крајот останува вечното прашање дали ќе се појави сериозен македонски кошаркарски клуб кој ќе им даде шанса на Македонските таленти? Зарем е потребно да одиме надвор за да добиеме услови за тренинг и почит од тренерите?

И сосема на крајот, подолу во текстот имате повеќе линкови за видеа од нашите играчи… па уживајте:
Андреј Андоноски
Љубиша Димитровски
Лука Стојановски

mak-dizel logo
Им помага на талентите
geyer logo grun
Им помага на талентите

Leave a comment